spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Започна изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево

Битола: Започна изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов, извршија увид на активностите за почеток на реализација на проектот за изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево. Градоначалникот Коњановски, информираше дека покрај на овој проект, на терен се работи и на други локации, а ја најави и планираната динамика на општината за дел од оваа градежна сезона:

“Денес, се наоѓаме на една посебна локација, која за сите нас битолчани значи многу, особено со почетокот на топлите денови, во кои многу сограѓани имаат навика да пешачат во овој дел на градот. Токму затоа, почетокот на градежната сезона го користиме за реализација на овој важен проект, кој градот го заслужува, а се однесува на Изградба на пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, проект кој локалната самоуправа го реализира во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Вредноста на склучениот договор изнесува 11.596.320 денари и верувам дека согласно договорената динамика, оваа летна сезона, ќе имаме еден прекрасно уреден простор за одмор и рекреација.

Додека, траат овие активности, паралелно веќе сме во завршна фаза со реконструкција на улиците во населба Недопирливи, потоа во Долно Оризари, оваа недела очекувам целосно да биде завршена улицата Захарија Шумлјанска кај Светонеделските гробишта, а пред асфалтирање се и улиците во Горно Оризари, каде што се работи на водоводна, канализациона мрежа и нов коловоз.

Продолжуваме со реконструкцијата на улица Солунска, се поставува хоризонтална сигнализација на улица Крушевска република, ќе се асфалтира отворената делница на улица Стив Наумов, каде изведувачот на сопствен трошок ќе ги санира оштетувањата кои се појавија.

Од страна на изведувачите, без дополнителен надомест од општината, ќе се извршат корекции и на кружниот тек кај Ветеринарната станица, a на мое барање, изведувачот на топловодот ќе ги санира оштетувањата на улица „Македонски гемиџии“.

Ја завршуваме првата фаза од изградбата на детската градинка во АРМ и во тек се подготовките за втората фаза, теренот се подготвува за реконструкција и на улица Бурса (Индустриска), додека за изградбата на противпожарниот дом, избран е изведувач и наскоро очекувам да започнат работните активности“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Градоначалникот Коњановки, нагласи дека уште во првиот квартал постигната е реализација на општинскиот буџет од околу 27%, што најавува подобра динамика од минатогодишната, кога согласно извештаите од одделенијата за 2023 година, реализацијата на Програмата за уредување на градежно земјиште изнесува 71%, Програмата за улично осветлување е реализирана со 93,2%, а од програмата за економски развој, реализирани се 62,1%.  Со ваквата динамика, Битола, повторно станува привлечно место за нови инвестиции:

„Изградените и реконструирани улици, водоводни и канализациони мрежи, Новиот парк во Нова Битола, подобрувањето на енергетската ефикасност на неколку станбени згради, поставените фотоволтаици на училиштето Даме Груев во Долно Оризари, подобрените услови во Спортската сала „Боро Чурлевски“, новите паркинг простори и многу други реализирани проекти, кои се видливи за битолчани, се најголемиот извештај, кој е моја должност пред граѓаните и на што секојдневно и посветено продолжувам да работам.

Со таква динамика и конструктивни и развојни програми и оваа градежна сезона инвестираме во град кој се менува, што ја докажува и заинтересираноста на домашните и странските компании, за кои Битола, повторно станува привлечна дестинација за нови инвестиции, како ЛИДЛ, БЛИС, КАМ и неколку други“, рече градоначалникот Коњановски.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...