spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско...

МТСП: Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село.

Загрижувачка е состојбата во државата бидејќи нема интерес за нови згрижувачки семејства, а се става под знак прашање функционирањето на постојните. Без поддршка од Министерството за труд и социјална политика процесот на деинституционализација нема одржливост –  посочија тие.

На средбата беа посочени и на слабостите во системот на социјална заштита и третирањето на згрижувачите од страна на институциите. Згрижувањето на деца треба да се гледа како професионална дејност и треба да се залагаме да се добие соодветно место во системот.

Згрижувачите не се обични луѓе, туку за нив системот треба да даде свој придонес како посебни даватели на услуги – наведе Велковски.

Во иднина заедно како партнери ќе работиме да донесеме посебна методологија за утврдување на надоместок за згрижено дете и надоместок за згрижувачот.

Згрижувањето треба да стане професија со платени придонеси за извршената работа – беше наведено на средбата.

Згрижувачите треба да бидат партнери на министерството во остварувањето на правата на децата.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....