spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Средба Николовски – Дмитрасевич - Имаме чест нашето искуство да го...

МЗШВ: Средба Николовски – Дмитрасевич – Имаме чест нашето искуство да го споделиме на Украина, со цел полесно да ги прилагодат нивните земјоделски политики со барањата на ЕУ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, од денес, па до крајот на неделава, ќе биде домаќин на украинската делегација, предводена од заменик министерот за земјоделска политика и храна на пријателска Украина, Маркијан Дмитрасевич.

„Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на најнапредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и законодавство и користењето на средствата од ИПАРД, во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ што ме прави посебно горд и е само уште една потврда за добро завршената работа“, изјави по средбата министерот Николовски.

Од некогаш заробена и изолирана држава, денес Република Северна Македонија е земја пример, која своето искуство го пренесува на другите земји.

„Ми преставува посебна чест, што нашето искуство ќе имаме можност да го споделиме токму со украинската делегација, со цел полесно да го прилагодат нивното земјоделство и политиките кон барањата на Европската Унија“, изјави министерот Николовски.

Украина е во почетна фаза на правните прилагодувања, кон законодавството на Европската Унија, во делот на Законот за земјоделство, воспоставување на Платежна агенција и ИАКС, како и користење на предпристапните средства од ЕУ.

„Работната посета, треба на украинската делегација, да и овозможи размена на македонските искуства за успешно воспоставување на политиките и системите во делот на Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола на државната поддршка во земјоделството и руралните средини (ИАКС), искуствата од воспоставување на ЕРЗС, ЛПИС и ФАДН, подготовките за користење на ИПАРД програмата и функционирањето на Платежната агенција“, изјави министерот Николовски.

За време на официјалната посета, нашите украински колеги, ќе остварат посета на Платежната агенција, додека на терен презентирана ќе биде успешна ИПАРД приказна, претставена преку винаријата Мовино во Росоман. Дополнително украинските колеги ќе бидат запознаени со функционирањето на подрачните единици на министерството, како и со придобивките од спроведувањето на процесот за консолидација на земјишните парцели во Пелагонија.

Двајцата министри, на денешната средба, разговараа и за зголемување на заедничката соработка, меѓу двете држави, во делот на трговската размена.

„Минатата година потпишавме измени и дополнувања на Договорот за слободна трговија за натамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи, со што овозможивме целосна либерализација за извоз во Украина на македонските домати, зелка, краставици, грозје и јаболка и увоз на украински месо и месни производи како и производи од маслодајни култури. Со измените се постигна многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло, односно ако досега за извоз и увоз се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила се овозможи да се користат и ЕУ суровини. А ова значително влијае на зголемување на трговската размена и девизниот прилив“, изјави министерот Николовски.

Министерот Николовски изрази благодарност, за честа да бидеме домаќини на украинската делегација, посакувајќи овие неколку дена да уживаат во убавините на Македонија, додавајќи дека посакува да се оствари заедничката желба, наскоро, двете држави, да се бидат заедно во Европската Унија, како рамноправни членки на европското семејство.

Линк од изјавата на министерот Николовски: https://youtu.be/2JCVu3mmIgU

Линк видео инсерти од средбата: https://youtu.be/E1pVuGCK85k

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...