spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Доделено Одличие “АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ” на градоначалникот Костовски

Бутел: Доделено Одличие “АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ” на градоначалникот Костовски

“ХРИСТОС Е СЕ!
ОРДЕН ОД МПЦ, ЧЕСТ ЗА МЕНЕ И МОЕТО СЕМЕЈСТВО.


Христијанството е радост!
Христијанската вера е силна, затоа што е жива и вистината.


За мене ова е посебен момент. Момент кој значи радост! Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и врз основа на Уставот на Македонската Православна Црква, одлукуван сум со орден за посебен придонес.


Одличие “АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ” ми се доделува за посебниот придонес за изградба и украсување на храмот “Свети 40 Севастиски маченици”.


Сакам да изразам голема благодарност до Неговото Блажество г.г. Стефан кој е секогаш тука да ни дава совети и поддршка во сите наши одлуки.
Македонија е библиска земја, за неа пишува во Библијата. А нејзината територија ја красат многу божји домови.


Најдобро знаеме дека Христијаните биле низ историјата многупати прогонувани, но се претрпувале знаејќи дека вистинскиот дом за верните луѓе е Вечниот дом на Отецот небесен.
И токму затоа Христос ја победи и уништа смртта и немањето страв останува предуслов да се биде Христијанин.


Македонската Правослвна Црква е нераскинлив дел од нас и тука не застануваме. Ќе продолжиме со реализација на зацртаните планови.
Слава на Бога !” – градоначалник Дарко Костовски.

Извор: Општина Бутел

Прочитајте