spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Ќе се реконструира просторот околу Спомен Костурницата

Велес: Ќе се реконструира просторот околу Спомен Костурницата

Почнува реконструкцијата на просторот околу Спомен Костурницата. Градоначалникот Марко Колев заедно со претставниците од фирмата изведувач направија вовед во работата и се очекува во наредните денови да отпочнат градежните зафати за уредување на просторот согласно претходно изготвено идејно решение.

Средствата за реконструкција на просторот околу Спомен Костурницата се обезбедени преку кофинансирање на Општина Велес со Центарот за развој на Вардарски плански регион за реализација на проектот „Зајакнување на капацитетите за развој и промоција на туризмот во општините Велес, Градско, Неготино и Росоман“.

Извор: Општина Велес

Прочитајте