spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

Карпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47 наставници од сите десет основни училишта кои функционираат на територија на општина Карпош. Станува збор за еден вид на стручна подготовка на наставниот кадар од училиштата во Карпош, со цел да се зајакнат нивните капацитети при примена на мерките за сајбер безбедност.

Обуките во училиштата се имплементираа како дисеминација на претходно спроведениот проект на Аналитика, насловен како „Развој на културата на сајбер безбедност во образовниот систем на Северна Македонија“. Поддржувач на проектот е Фондацијата Отворено општество – Македонија, а обуката ја спроведоа Маја Христовска и Ана Дионисиева кои притоа ја презентираа едукативната алатка „Безбеден Интернет“.

Инаку, Карпош е првата општина во која ќе се промовира оваа мобилна апликација, а истата достапна на платформата Play Store: https://shorturl.at/huBCK.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...