spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

МНР: Трет состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ

Во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија се одржа третиот состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој присуствуваа и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

На состанокот беа разгледани кандидатурите за избор на генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) и предлог-текстот на Заедничката декларација во пресрет на Министерскиот состанок, што ќе се одржи во рамки на нашето претседавање со ПСЈИЕ.

Северна Македонија со ПСЈИЕ претседава во периодот јули 2023 – јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...