spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингГрупацијата Иуте ги објави резултатите од работењето во првото тромесечие од 2024

Групацијата Иуте ги објави резултатите од работењето во првото тромесечие од 2024

Продолжување на здравиот раст и реализација на стратешките цели, преку фокус на квалитет и пораст на вкупните приходи од 3.5%

Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чијашто капа работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултатите од првите три месеци работење во 2024 година, со нето добивка од 2.2 милиони евра и вкупни приходи од 26.4 милиони евра, бележејќи пораст од 3.5% во споредба со истиот период од минатата година.
Компанијата освен што бележи уште едно исклучително тромесечие, остана доследна на својата мисија, визија и определба за ставање фокус исклучиво на квалитет и подобрено корисничко искуство. На овој начин, со оваа динамика и стратешка поставеност, годишните таргети за приход од 120 милиони евра и нето добивка од 15 милиони евра се сосема остварливи.

“Нашите напори да инвестираме повеќе во квалитет наспроти квантитет вродија со плод, приоритет и понатаму останува креирање на поголема вредност за нашите клиенти. Со други зборови, и покрај тоа што нашата цел останува надминување на бројката од 300 милиони евра кредитно портфолио, патот кој треба да го изодиме дотаму е исклучиво со унапредување на квалитетот на истото. Затоа особено нé радува позитивниот тренд во првиот квартал во делот на наплатата, кој надмина 90%. Во насока на етичко и одговорно кредитирање, се стремиме да привлечеме што повеќе клиенти кои се кредито-способни, а за да го постигнеме ова на ниво коешто го посакуваме, ќе работиме дополнително на едукација на клиентите, на дигиталната писменост, пред се на нивната доверба и навлегување во сржта на нивните потреби. Колку поголема реална вредност ќе креираме за нив, толку поуспешна ќе биде приказната на Иуте. Изминатава година имавме значителен технолошки напредок и со новите интегрирани модели за корисничко искуство базирани на машинско учење и наука базирана на податоци, очекуваме уште повеќе да се доближиме до потребите на клиентите, преку етичко одговорно кредитирање и намалување на кредитниот ризик.”, вели Тармо Силд, Извршен Директор на групацијата Иуте во Талин.

Клучот на успехот на групацијата лежи и во континуираниот напредок кон креирање на целосен и подобар еко-систем на сите пазари каде што се нудат услугите, пришто приходите од платежните и осигурителните операции веќе бележат значитечен раст и испорачуваат одлични резултати.

Извршниот Директор на Иуте Македонија Биљана Мишиќ, вели дека перформансот на Иуте Македонија е над таргетираните очекувања.
“Благодарение на имплементацијата на моделите на машинско учење и напредните аналитики, исплатите во првиот квартал од годината пораснаа за 40% споредено со истиот период минатата година. Воедно, квалитетот на портфолиото во континуитет се подобрува, при што наплатата до 30 дена во првиот квартал достигна 93% на исплатените кредити. Од големо значење за квалитетот на портфолиото има и ново-воведениот сервис на МКБ за автоматска проверка на приходите на клиентите, што воедно допринесува за одговорно кредитирање и непрезадолжување на клиентите. Инвестициите во технологијата и проширувањето на сегментот на услуги остануваат наш најголем приоритет.” , вели Мишиќ.
Таа посочи дека измените на Законот за финансиски друштва од страна на Министерството за финансии, како и новиот Правилник за работење на финансиските друштва ќе придонесат дополнително кон поголема заштита на клиентите, како и подобрување на репутацијата на финтек индустријата.


Подолу следи сумирање на групациските достигнувања:
Стратегиски резултати на групациско ниво
271 илјада активни корисници (31.12.2023: 274 илјади), со приход по клиент во износ од 379 евра (3М/2023: 360 евра)
Вкупниот број на корисници порасна на 1 милион (31.12.2023: 992 илјади)
Консолидираниот биланс на групата се зголеми за 3.7% изнесувајќи 389.8 милиони евра, а капиталот се зголеми за 5.5%, изнесувајќи 67.7 милиони заклучно со 31.03.2024
MyIute апликацијата достигна бројка од 900 илјади симнувања заклучно со 31.03.2024 (31.12.2023: 813 илјади симнувања)
Прва исплата на дивиденда на ЕнергБанк во износ од 3.3 милиони евра (јануари 2024)

Оперативни резултати на групациско ниво
Исплатата на кредити порасна за 29.7%, достигнувајќи 82.1 милион евра (3М/2023:63.3 милиони евра)


Бројот на одобрени кредити се намали на 75 илјади (3М/2023: 84 илјади)
Бруто портфолиото на кредити порасна за 4.9 изнесувајќи 264.3 милиони евра (31.12.2023: 252 милиони евра), од коишто принципалниот износ на кредити порасна за 19.6%, изнесувајќи 244 милиони евра (31.12.2023: 204 милиони евра)
Нето портфолиото на кредити порасна за 5.5% изнесувајќи 245 милиони евра (31.12.2023: 232.1 милиони евра),
Вкупната мрежа на бескартични банкомати достигна бројка од 78.

Финансиски резултати на групациско ниво
Приходите од камати и провизии се намалија за 2.6%, изнесувајќи 22.4 милиони евра (3М/2023: 22.9 милиони евра), небанкарско портфолио, како резултат на понискиот приход од државни обврзници во ЕнергБанк
Нето приходите од камати и провизии се намалија за 10.5%, изнесувајќи 15 милиони евра (3M/2023: 16.8 милиони евра), небанкарско портфолио, како резултар на повисоките трошоци и пад на каматните стапки


Вкупниот приход порасна за 3.5%, изнесувајќи 26.4 милиони евра (3М/2023: 25.5милиони евра).
ЕБИТДА, приспособена за курсни разлики и приходи од Енергбанк, се намали за 10.1%, изнесувајќи 10.6 милиони евра (3М/2023: 11.8 милиони евра), прилагодена на еднократните трошоци поврзани со аквизиција на ЕнргБанк и во износ од 0.9 милиони евра.


Нето добивка во износ од 2.2 милиони евра, споредбено со 2.8 милиони евра во истиот период од минатата година.


Во изминатите осум години, Иуте Македонија како дел од групацијата Иуте Естонија одигра огромна улога во редефинирање на финансиското опкружување во финтек секторот во Македонија, наметнувајќи сосема нови стандарди во делот на дигитализацијата и корисничкото искуство. Со ребрендирање од Иуте Кредит во Иуте, компанијата веќе работи на проширување во многу нови финансиски сегменти на работење, со што покрај кредитирањето ќе се понудат платежни услуги и осигурување.


На тој начин, како финтек и лидер во дигиталната трансформација, Иуте се подготвува да стане целосен финансиски партнер на граѓаните, преку одговорно, безбедно и сосема поразличнo дигитално корисничко искуство.

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...