spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација на улици

Неготино: Се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација на улици

По завршувањето на активностите за санирање на ударните дупки на повеќе улици во градот каде што истите беа регистрирани, од денеска се започна со поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација на повеќе улици во Неготино. Согласно Програмата, приоритет при посатувавањето на соодветна сигнализација ќе имаат двете главни улици „ Маршал Тито “ и „ Партизанска“, централното градско подрачје, а хоризонтална и вертикална сигнализација ќе се постави и на повеќе други фреквентни улици кои водат до здравствени, образовни, социјални и други установи кои најчесто се користат од страна на граѓаните.

Извор: Општина Неготино

Прочитајте