spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМОН: Претставници на Светскиот образовен форум во Лондон

МОН: Претставници на Светскиот образовен форум во Лондон

Примената на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз образовната трансформација е главна тема на годинешниот Светски образовен форум (19-22 мај) кој традиционално се организира во Лондон, а на кој присуствуваат и претставници на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Делегацијата која ја претставува нашата земја предводена од Шпетим Љатифи, посебен советник во кабинетот на министерот за образование и наука, активно ќе учествува во сите сесии и дискусии предвидени во агендата на овој најголем собир на креатори на образовни политики.

Размената на искуства со голем број развиени и земји во развој е од особена важност за Северна Македонија, имајќи предвид дека токму во тековниот период во нашиот образовен систем се спроведуваат најкрупните реформи досега, особено во делот на основното образование.

Во таа насока, веќе се остварени низа формални и неформални средби со претставници на министерствата за образование на земјата домаќин и повеќе други европски земји, со претставници на Сингапур и Јапонија, како и со високи претставници на Британскиот совет, меѓу кои и директорката за Западен Балкан, Клер Сиарс. 

Покрај влијанието на вештачката интелигенција врз развојот на глобалното образование, на форумот ќе се дискутира и за унапредување на едукацијата за климатските промени, а меѓу поважните теми ќе биде и афирмацијата на стручното образование и обука и подготовката на младите со потребните вештини за да одговорат на предизвиците на иднината.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...