HomeСамостојни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2024 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2024 година

spot_img
spot_img

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41 085 денари.

Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk

Извор: Државен завод за статистика

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте