spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Одбрани најдобрите десет матуранти и првенецот на генерацијата во СОУ „М.М.Брицо“

Делчево: Одбрани најдобрите десет матуранти и првенецот на генерацијата во СОУ „М.М.Брицо“

Магдалена Георгиевска, ученичка од 4-2 клас во СОУ „М.М.Брицо“, е прогласена за првенец на генерацијата од завршните класови. Ова е одлуката на Комисијата составена од професори од училиштето која ценејќи ги постигнатите резултати и успех во досегашното образование, го одбра првенецот на генерацијата од завршните класови, како  и најдобрите 10 матуранти кои ќе добијат наградно патувањето низ Европа, награда која традиционално ја доделува Општина Делчево на 10-те најдобри матранти во СОУ „М.М.Брицо“.

По претходно спроведена постапка, критериуми, утврдени во Правилникот за истакнување , пофалување и наградување на ученици од страна на Комисијата формирана за таа цел во СОУ „М.М.Брицо“ беа избрани следните ученици:

1.       Магдалена Георгиевска, ученичка во 4-2 клас

2.       Дамјан Маневски, ученик 4-2 клас

3.       Симона Ќурчиска, ученичка во 4-1 клас

4.       Ина Мишева, ученичка во 4-2 клас

5.       Ива Ивановска, ученичка во 4-2 клас

6.       Теодора Тодоровска, ученичка во 4-2 клас

7.       Филип Петровски, ученик во 4-1 клас

8.       Дариа Спасевска, ученичка во 4-2

9.       Милена Ордева, ученичка во 4-2 клас

10.   Горјан Малешевски, ученик во 4-2 клас

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Карпош: Соопштение

0
Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви… (за среќа...