spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Дискусија за подигање на јавната свест за активности поврзани со...

Ѓорче Петров: Дискусија за подигање на јавната свест за активности поврзани со менталното здравје на децата

Одлична иницијатива преку проектот “Поддршка за активирање на заедниците и подигање на јавната свест за активности во врска со менталното здравје на деца и адолесценти“, со повеќе вклучени страни, активно да работиме на оваа проблематика, односно на обезбедување поддршка за младите кои се соочуваат со предизвици во менталното здравје.

Проектот кој се спроведува од невладината организација БИОМ од Скопје, со поддршка на Канцеларијата на Светската Здравствена Организација за Европскиот Регион има за цел да ја подигне јавната свест во четири општини во Република Македонија.

На отворена дискусија меѓу жените-лидери на заедницата на која учествуваше и претседателот на Советот, д-р Ленче Нелоска се дискутираше за распространетите проблеми со менталното здравје со кои се соочуваат децата и адолесцентите. Се запознавме и со стратегии и потенцијални решенија што може да се усвојат и промовираат на ниво на заедницата.

Целна група на проектот се жени-лидерки од општините: Ѓорче Петров, Сарај и Центар од Скопје. Секоја од општинска група ја чинат пет жени-лидерки и во неа членуваат преставнички на секторите за образование во општините, педагози, психолози, наставен кадар. Тие имаат круцијална улога при организација на форумите низ заедниците, но и при континуирано зјакнување на свеста на заедницата, како и поддршка на родителите.

-Многу е важно сериозно да пристапиме кон темата, затоа што предизвиците со металното здравје се чести и предизвикуваат душевна болка кај личностите кои се соочуваат со овој проблем, особено кај децата и адолесцентите. Последиците од нарушувањата на менталното здравје ги чувствуваат и семејствата на овие личности. Темата за ментално здравје е се уште табу и ретко се дискутира јавно за тоа – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој се обрати на дискусијата. Учеството во вакви настани и поддршката на истите, додаде, ја покажува нашата волја како општина да ги промениме на подобро актуелните состојби. -И во иднина ќе продолжиме со оваа пракса, затоа што секој еден од нас има одговорност да учествува во креирањето политики кои на долг рок носат добробит за општеството – подвлече Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте