spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДебрца: Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Дебрца: Започна уредување на речното корито во с.Белчишта

Започнаа активности за уредување на речното корито во с.Белчишта во должина од 150 метри, со уредувањето се предвидува  расчистување на теренот од вегетација поставување на сепариран дробен камен, поставување на арматурна мрежа, бетонирање на дното на каналот  и санирање на оштетени делови од постоечкото корито.

Средства за уредување на речното корито се обезбедени од буџет на општина Дебрца.

Општината во наредниот период започнува со проекти на повеќе локации во општината и тоа:

-Реконструкција на поранешна продавница во село Ботун;

-Реконструкција на Административната зграда на општината со целосна реконструкција на големата сала за состаноци во општината;

-Набавка на нова пумпа за пумпната станица во село Мешеишта и санација на резервар за вода;

– Реконструкција на кровна конструкција на задружен дом во село Годивје;

– Поставување на улично осветлување до манастирот св.Богородица село Ботун;

Извор: Општина Дебрца

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...