spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH за Европа, со мандат од 3 години. Реизборот на Бабовски на позицијата генерален секретар на WOAH за Европа се изврши во рамки на 91 Генерално Собрание на Делегати на оваа светски реномирана организација посветена на заштитата на здравјето, благосостојбата на животните и ветеринарните услуги, која годинава одбележува 100 години од основањето и која повторно ја препозна и награди посветеноста на државава, на Агенцијата за храна и ветеринарство и лично на директорот на АХВ Бабовски во креирањето и имплементирањето на високи стандарди во ветеринарната политика.

Со реизборот на Бабовски на оваа позиција во WOAH, државава, преку Агенцијата добива нова можност за директно учество во креирањето на глобалните светски полити во областа на здравствената заштита на животните и јакнење на регионалната позицијата на координатор и иницијатор на соработката на ова поле во регионот.

WOAH

– WOAH ги потврди исправните политики во областа на ветеринарството кои досега ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со досегашното учество во Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести кај животните, во Европската комисија за лигавка и шап, учеството во Советодавниот форум на Eвропската агенција за безбедност на храна (EFSA) и мојата лична и институционалната вклученост на Агенцијата во активностите на WOAH, но, пред се во унапредувањето на нашите национални стандарди во областа на ветеринарството – вели Бабовски.

Формирана во далечната 1924 година како Меѓународната канцеларија за епизоотии (ОИЕ), на почетокот на 21 век, соочувајќи се со нов сет на предизвици, од новите болести како птичјиот грип, болеста шап и лигавка, влијанијата на климатските промени врз здравјето на животните, соочувањето со пандемијата од COVID-19 и слични, во рамки на посветеноста на оваа организација кон науката, транспарентноста и светски прифатениот концепт „Едно здравје“, од 2022 година Светската организација за здравје на животните, од поранешно OIE,  се ребрендира и ја продолжи работата во унапредување на ветеринарната политика со употреба на неговото целосно име со акроним WOAH.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...