spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Започна обуката на преведувачи и лектори по албански јазик

АПЈ: Започна обуката на преведувачи и лектори по албански јазик

Како и претходните години, така и оваа година започна обуката на административни службеници, кои работат како преведувачи и лектори на албански јазик во нивните институции.

Нив ги пречекаа директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Ардијан Муслиу и координаторката на проектот, Шпреса Зеќири Ибрахими, заменик раководител на Секторот за подршка на директорот.

Денешни предавачи беа Ајтен Хајдари-Ќамили, универзитетски професор во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, којa ја презентираше темата „Споредување и анализа на преведени текстови“ и Неби Билали, Државен советник за превод во АПЈ, кој ја презентираше темата „Релевантна лингвистичка терминологија во преводот на службени документи“.

Во обуката што започна денеска и ќе трае неколку недели, вклучени се 54 службеници, меѓу кои и од локалната самоуправа, која е и овогодишната особина, а на крајот од обуката ќе им биде доделен сертификат.

Извор: Агенција за примена на јазикот

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...