HomeСамостојни органиДКСК: Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот...

ДКСК: Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот во борба против корупцијата

spot_img
spot_img

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Сервет Демири учествуваше на настанот – „Здружени против корупцијата: Зајакнување на синергијата на судството и органите за спроведување на законот во борба против корупцијата“, организиран  од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Во своето обраќање членот на ДКСК Демири ја истакна важноста на синергијата која што треба да постои помеѓу институциите кога станува збор за борбата против корупцијата. Нагласувајќи ја определбата на ДКСК за промоција на меѓуинституционалната и меѓународната соработка  заради креирање и развој на антикорупциски мерки и политики,  тој накратко информираше за активностите преземени од страна на ДКСК во таа насока.

На крајот на своето обраќање, Демири ја потенцираше проактивноста на ДКСК нотирана во извештаите на Европската комисија при обезбедување насоки и препораки на јавните институции како и неопходноста истите целосно да се почитуваат и применуваат а со цел поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија