Вкупните здравствени трошоци во 2022 година бележат опаѓање од 1.4 % во однос на 2021 година.
Вкупните тековни трошоци за здравството во Република Северна Македонија во 2022 година изнесуваат 60 567 милиони денари и бележат опаѓање од 1.4 % во однос на 2021 година, кога изнесуваа 61 408 милиони денари.
Во тековни трошоци за здравството (по соодветните шеми) најголемо опаѓање во однос на претходната година е забележано за:
– Превентивна здравствена заштита од 44.9 %
– Даватели на помошни (дополнителни) услуги од 41.1 %
– Приватни трошоци на домаќинствата од 5.0 %.
Најголемо учество во вкупните тековни трошоци за здравството (по соодветните шеми) имаат трошоците за:
– Лекување од 54.8 %
– Болници од 38.3 %
– Владини (буџетски) механизми и задолжително здравствено осигурување од 57.0 %.

Преземи го соопштението во целост

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика