spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Одбележување на Меѓународниот ден на мултиплекс склероза

МТСП: Одбележување на Меѓународниот ден на мултиплекс склероза

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се приклучија на денешниот марш организиран по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мултиплекс склероза (МС).

Маршот, организиран од „Мобилност Скопје“ со поддршка од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, има за цел подигнување на јавната свест, борба за остварување на правата на лицата со МС, параплегија и дистрофија и создавање на кохезија во заедницата на еднакви можности. 

Претставниците на „Мобилност” ги искажаа нивните барања од областа на социјалната и здравствената заштита. 

Министерот за труд и социјална политика по тој повод рече дека предизвици за новата Влада ќе има многу и еден дел од тие работи ги истакнаа претставниците на сојузот.

“Енергијата треба да се насочи кон нивна директна помош и поддршка за одредени работи кои ги барат денеска, а низ годините се нерешени, да тргнеме кон решавање на истите и тоа навистина да се прави со брзи чекори за да им дадеме еден полесен и попристапен начин на живеење”, порача Велковски.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...