spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Меморандум за соработка со СОС Детско село

Петровец: Меморандум за соработка со СОС Детско село

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски и СОС Детско Село склучија Меморандум за соработка, а со тоа е првата општина која склучува соработка со СОС Детско Село во насока на зајакнување на капацитетите во областа на социјалната заштита. На потпишувањето присуствуваа директорката на СОС Детско Село Наде Качакова, раководителката на Центарот за подршка на згрижувачки семејства Александра Ивановски како и претставници од Центарот за подршка на згрижувачки семејства стручните работници Валентина Димовска и Атина Тасевска.

Меморандумот за соработка се склучува со цел промоција на јавната услуга згрижување/згрижувачко семејство во локалната заедница. Договорните страни ќе соработуваат во областа на организација на пристапност и достапност на услугата стручна помош и поддршка на згрижувачкото семејство како и зајакнување на економската положба на жените домаќинки во руралните средини со добивање на финансиски средства преку функцијата згрижувач.

За таа цел се одржа и информативна сесија во просториите на Општина Петровец за промоција на згрижувањето како најсоодветен облик на заштита на децата бидејќи се овозможува нивен правилен психо-социјален развој во услови најблиски до биолошкото семејство.

Градоначалникот Борче Митевски како поддршка на идните згрижувачи/згрижувачки семејства ќе им додели еднократна парична помош.

За информации во врска со услугата сместување во згрижувачко семејство може да се обратите во Општина Петровец, лице за контакт Марија Здравковска, тел. 02/2562-239.

https://www.youtube.com/embed/-Fw0Izt49NA?feature=oembed

Извор: Општина Петровец

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...