spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“

Илинден: Манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден“

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден”.

Според програмата се одиграа финални општински натпревари на основните училишта во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска категорија, турнир во баскет за ученици од СОСУ „Илинден”, елементарни штафетни игри за ученици од одделенска настава.

На финалните натпревари во футсал во машка категорија првото место го освои ООУ „Гоце Делчев”, а второто место го освои е екипата од ООУ „Браќа Миладиновци”, додека во женска категорија во футсал првото место ООУ „Ристо Крле“ а второ место ООУ „Браќа Миладиновци”.

Во одбојка категорија машки, прво место за ООУ „Ристо Крле“ а второ место за ООУ „Браќа Миладиновци”, додека во категорија женски прво место за ООУ „Гоце Делчев” а второ место ООУ „Браќа Миладиновци”.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FOpshtinaIlinden%2Fposts%2Fpfbid036FX2XogEKnw1cHS7Pz8wcKbbVmZePmFaQQiZyqsN8pX3QA5FVzvM9Dib3YiemqShl&show_text=true&width=500&preview=comet_preview

Во ракомет женски првото место го освои екипата од ООУ „Гоце Делчев” а второ место за ООУ „Ристо Крле”, а во ракомет машки прво место за ООУ „Гоце Делчев” а второ место за ООУ „Ристо Крле”.

Во баскет СОСУ „Илинден“ првото место го освои класот од II 1 година, второ место за класот од III1 и третото место класот од III2.

На спортската манифестација се одржаа и елементарни штафетни игри за учениците од второ до петто одделение на кои учествуваа околу стотина учесници.

На сите натпревари беше присутен и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој на најдобрите екипи им додели пехари. Градоначалникот истакна дека одржувањето на спортските настани во општина Илинден е со цел да се поттикнат младите на поздрав начин на живот.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...