spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Ј А В Е Н ...

Делчево: Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување воПрограмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Делчево, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 06.06.2024 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект Социјални услуги за сите за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест) месеци/ 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • родители на 3 и повеќе деца
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • Лице за поддршка и унапредување на услугите во народната кујна – 2(два)извршители;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини

  • Неговател во Дневен центар за лица со посебни потреби – 2 (два) извршители;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, толерантност;

  • Лице за посета и нега на  стари лица  – 5 (пет) извршители;

Потребни квалификации- ССП или Основно образование, комуникативни вештини, толеранција, емпатичност, комуникативност

  • Едукатор – мотиватор во Дневен центар за лица со посебни потреби – 1 (еден) извршител (да припаѓа во целната група лица со попреченост);

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, тработа со компјутери, интернет;

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 06.06.2024 година до 13.06.2024 година, од 07.30 часот до 15.30 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување – Делчево  кај лицето Сања Костадиновска,  Центар за социјални работи Делчево кај лицето Благој Стоименовски.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Дојран: Дојран Гурман Фест 2024

0
Дојран Гурман Фест 2024– гастрономско патување низ вкусовите на традиционалната кујна од Дојран приготвени од вештите раце на жените од “Здружение на жени-Дојрана” кои...