spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Извршено првото прскање против возрасни комарци

Гевгелија: Извршено првото прскање против возрасни комарци

Во Општина Гевгелија, се спроведе првото прскање против возрасни комарци. Вчера (4 јуни 2024 година), во вечерните часови, во градот и сите населени места беше извршена теристичка, аеросолна дезинсекција со УЛВ метода против возрасни комарци, којашто ја спроведе фирмата за ДДД „Зотокс“- Скопје.

Инаку, годинашниот третман против возрасни комарци опфаќа уште две прскања согласно склучениот договор, како и уште едно ларвицидно прскање после спроведените два третмана на стојните води покрај реката Вардар. За термините кога ќе се извршат наредните теристички аеросолни прскања, граѓаните ќе бидат навремено известени преку веб-страната на Општина Гевгелија, социјалните медиуми на локално ниво и радио Time Fm Гевгелија.

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...