spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Доставени хуманитарните пакети од Деветтиот меѓуинституционален фудбалски турнир

Демир Хисар: Доставени хуманитарните пакети од Деветтиот меѓуинституционален фудбалски турнир

На 30.05.2024 година, под координација на градоначалникот Никола Најдовски, се спроведе и реализира хуманитарната активност, традиционално, од обезбедените финансиски средства од хуманитарниот меѓуинституционален турнир во мал фудбал под покровителство на градоначалникот, деветти по ред оваа година.

Вработени во локалната самоуправа се мобилизираа и успешно доставија социјални пакети со храна – прехранбени производи, а кои се наменети за најранливи домаќинства во населените места во општината.

Градоначалникот Најдовски, изрази огромна благодарност до сите кои, преку учеството на спортско – рекреативната манифестација, непосредно помагаат за нашите социјално загрозени домаќинства на територијата на општината.

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

МЗ: Жителите ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...