spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМаврово и Ростуше: Еко тезги - Дополнителна можност за промоција на локалните...

Маврово и Ростуше: Еко тезги – Дополнителна можност за промоција на локалните вредности и еко производи

Започна поставувањето на четирите еко тезги чија што основна намена е формирање на микро локации за продажба на локални еко производи наменети за домашни и странски посетители на регионот и создавање на нови дополнителни можности за заработка на локалното население.

Овие тезги се изработени во рамките на проектната програма за Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи, финансирана од страна на фондацијата CNVP ( Connecting Natural Values and People).

На отворениот повик за доставување на проектни идеи, од страна на општината Маврово и Ростуше како носител на проектот а по претходен договор со З.Г. Месна Заедница Ростуше како изработувач и иницијатор на идејниот проект, се аплицираше со проектот “ЕКО Тезги – дополнителна можност за промоција на локалните вредности и еко производите”.

Проектната идеја беше прифатена и за истата фондацијата CNVP обезбеди средства во износ од 766.200 денари додека општината Маврово и Ростуше обезбеди 190.000 денари ( најголем дел од овие финансиски трошоци се во непарична форма). З.Г.М.З Ростуше ја превзеде обврската со свои средства да ги подготви локациите на кои ќе се постават двете куќички.

Истата обврска ја имаат и претставниците на другите месни заедници (Жировница и Требиште) кои ќе добијат по една од овие еко тезги. На овој начин се воспостави една добра соработка помеѓу сите засегнати страни што воедно е и добра пракса која треба да се одржува и во иднина.

Проектот на еден начин претставува пилот проект чија општа цел е развој на локалната економија и поттикнување на локалното население за производство, како и пласман на локалните производи на локални “еко пазари”. Доколку пилот проектот се покаже за успешен, вакви еко тезги ќе се постават на сите позначајни туристички локации, низ сите населени места во општината. Тезгите ќе се постават на локации кои се дефинирани како микро точки “интересни” за туристите.

Две од тезгите ќе се постават во Ростуше, во центарот на селото и на почетокот од патеката која води до Ростушки водопад “Дуф”. Вакви тезги ќе се постават и во с.Требиште на патеката кон ледничкото езеро Локув, како и во с. Жировница на почетокот од патеката кон врвовите на Дешат и Голема планина.

Една од главните заложби е да се натераат локалните жители да размислуваат во насока на остварување на дополнителен прихот за своите семејства преку активирање во областа на туризмот т.е давање на можност на заинтересираните да пласираат свои или други производи и истите да ги нудат на домашните и странските посетитители кои го посетуваат регионот. Воедно еко тезгите ќе се искористат и како локации кои на надворешните препродавачи на разни производи ќе им се понудат како единствено одобрени места на кои тие може да ја вршат својата дејност. Еко тезгите ќе се издаваат на дневна, месечна и годишна основа, а финансиските средства ќе бидат наменети за одржлив развој на месните заедници. На овој начин ќе се заштитат домашните производители, компаниите и сите оние кои чувствуваат нелојална конкуренција од страна на препродавачите кои ги низ сите

населени места ги пласираат своите производи, без притоа да имаат дополнителни обврски кон државата.

Проектот предвидува и дводневна обука за локалното население. Обуката за брендирање и продажба на локални и други продукти ќе ја реализира стручно лице со долгогодишно искуство во овој тип на продажба. Обуката ќе биде од отворен карактер и на истата ќе може да присуствуваат сите оние кои би биле заинтересирани за идна соработка.

Пријавување за обуките може да се направи во Општина Маврово и Ростуше кај Шенол Имери и Елвира Ејупи или во канцелариите на месните заедници Ростуше, Требиште и Жировница.

Извор: Општина Маврово и Ростуше

Прочитајте

МЗ: Жителите ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...