spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: “Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот” – проект во...

Куманово: “Промовирање на женската иновација и креативност на пазарот” – проект во СОУ “Перо Наков”

Во рамки на проектот, кој има за цел да го оживее и поттикне стариот занает – ткаењето, денеска во СОУ “Перо Наков” – Куманово, беше реализирана втората работилница, посветена на едукација на наставничкиот кадар во училиштето.
Проектните активности се реализираат со поддршка на Амбасада на Словенија во РСМ, во имплементација на Здружението – Добредојде Македонија Центар.
Преку овој проект се мотивираат талентираните ученици и нивните професори за усовршување на вештините во ткаење и зачувување на традиционалните културни вредности.
Кулминација на оваа обука ќе бидат два претстојни  настани: Моден викенд Скопје и базар со наслов: “Во ритамот на македонски занаети и креации”.
На настанот присуствуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Извор: Општина Куманово

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...