spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Регионални искуства за справување на климатските промени на локално ниво

Карпош: Регионални искуства за справување на климатските промени на локално ниво

Претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, деновиве присуствуваше на вториот регионален состанок на тема: „Водни ресурси на локално ниво – Предизвици и Решенија“, кој се одржа од 5-ти до 7-ми јуни во Скадар (Албанија). На стручните работилници покрај претставниците од нашата држава кои беа предводени од здружението РЕЦ – Македонија, учествуваа и претставници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија.

Во рамки на работилниците, локалната самоуправа од Карпош ја претставуваше стручното лице од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Јованче Цветановски, кој пред присутните детално ја образложи темата поврзана за адаптивните мерки за климатски промени на локално ниво во Македонија. Инаку овој регионален состанок претставува одлична можност за зајакнување на капацитетите на општинската администрација.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...