HomeМинистерстваМП: Игор Филков ја презеде функцијата - министер за правда

МП: Игор Филков ја презеде функцијата – министер за правда

spot_img
spot_img

Министерот Игор Филков најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и  владеење на правото. 

Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на Законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Совет на Јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото. 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте