HomeВладаСредба на претседателот на Владата Мицкоски со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид...

Средба на претседателот на Владата Мицкоски со амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир

spot_img
spot_img

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, вчера оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир.

На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на државата кон интеграцијата во Европската унија.

Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од Европската унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со ЕУ во духот на партнерство и заеднички вредности.

Амбасадорот Гир ја потврди посветеноста на Европската унија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија