spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМинистрите Андоновски и Минчев одржаа средба со вработените: Отворени сме за соработка

Министрите Андоновски и Минчев одржаа средба со вработените: Отворени сме за соработка

Во продуктивна и пријатна атмосфера, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерот за јавна администрација Горан Минчев одржаа работна средба со вработените.

Целта на оваа средба беше, двајцата министри да се запознаат со вработените од поранешното МИОА и на еден транспарентен начин да ги претстават идните планови на двете нови министерства.

Преку меѓусебна интеракција, вработените имаа можност отворено и слободно да им поставуваат прашања и да ги разјаснат евентуалните дилеми поврзани со работниот процес.

Андоновски и Минчев меѓу другото рекоа дека како и досега, така и во иднина ќе се почитува начелото на професионалност и стручност на административните службеници, нагласувајќи дека секогаш ќе бидат отворени за соработка.

Извор: Министерство за дигитална трансформација и администрација

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...