HomeМинистерстваМП: Филков -Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот...

МП: Филков -Агелер: Поддршка за реформите во правосудството и забрзување на евроинтегративниот процес

spot_img
spot_img

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Агелер на која се разговараше за спроведување на реформските заложби, засилување на борбата против криминалот и корупцијата, состојбите во правосудството,затворите  како и обезбедување на услови за непречено спроведување на предвидените активности.


Амбасадорката Агелер му посака успешна работа на Филков и очекува реализација на реформската законодавна агенда.


Министерот за правда Игор Филков порача дека промени мора да се испорачаат брзо затоа што граѓаните бараат  резултати.


САД се наш најголем стратешки партнер и силен сојузник за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската унија.
На средбата беше потврдена заложбата и посветеноста за натамошно развивање на билатералните односи меѓу двете земји како и продолжување на досегашната соработка.

Извор: Министерство за правда

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија