HomeМинистерстваМТВ: Средба на министерт Николовски со амбасадорот на Унгарија, Клајн

МТВ: Средба на министерт Николовски со амбасадорот на Унгарија, Клајн

spot_img
spot_img

Ве информираме дека заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски завчера оствари работна средба со Амбасадорот на  Унгарија,  Андраш Клајн.

На средбата министерот Николоски упати честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, со порака дека Владата останува силно фокусирана на европската агенда.

Исто така министерот Николоски ги потенцираше реформските процеси,  истакнувајќи ги плановите на Владата за регионална интеграција и зајакнување на односите со земјите од Западен Балкан.

На средбата се разменија информации околу искуствата за модернизација на регионалната инфраструктура, со посебен фокус на патната и железничката инфраструктура.

Во Унгарија гледаме како долгогодишен партнер и пријател и огромна е поддршката што ја овозможува Унгарија за евроинтегративниот процес како врвен приоритет, потенцираше на средбата министерот Николоски.И двајцата се согласија за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во области од заеднички интерес за двете земји.

Извор: Министерство за транспорт и врски

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте