spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и регионална поврзаност

МТВ: Во фокусот е модернизација на инфраструктурата и регионална поврзаност

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек.

На средбата се разговараше за имплементација на Договорот за транспортна заедница кој е во согласност со започнатиот процес на интеграција во европските структури.

Министерот Николоски го потенцираше значењето на реализација на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8, 10 и 10 -д како дел од Европската мрежа на транспортни коридори. Тој увери за силната заложба на Владата за унаредување и модернизација на истите.

На средбата се отворија и  прашања за поголема соработка и поврзаност со земјите од регионот. 

“Верувам дека Договорот за основање на транспортна заедница на подолг рок, ќе придонесе за подобрена ефикасност, пониски трошоци и подобар квалитет на услугите за корисниците на транспортот, преку отворање на пазарите и зајакнување на конкуренцијата.  Се надевам дека преку спроведувањето на Договорот за транспортна заедница целосно ќе се интегрира регионот во Европското транспортно семејство и ќе ја надополни политиката на проширување на Заедницата,“ истакна министерот Николоски на средбата.

Извор: Министерство за транспорт и врски

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...