Кастревме и ги уредувавме зелените површини пред и околу Зелен пазар.Ги обликувавме декоративните зимзелени грмушки. Ги чистевме од плевел и трева уличните рабници, паркинзи, канали и пристапноста околу шахтите. Го средувавме и паркот на улица Козара.
Работиме на тоа да имаме прегледен, чист и безбеден урбан простор во зелениот дел од Општината.





Извор: Општина Центар