HomeОпштиниКарпош: Прво место по природни науки за Марко од “Петар Поп Арсов“

Карпош: Прво место по природни науки за Марко од “Петар Поп Арсов“

spot_img
spot_img

Петоодделенецот Марко Коцески од ООУ “Петар Поп Арсов“, под менторство на наставничката Мирјана Патаракоска, го освои првото место на државниот натпревар по природни науки, кој се одржа на 15 јуни на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Ова постигнување на Марко е плод на неговата посветеност и љубов кон природните и техничките науки и е континуитет на низата успеси во оваа и изминатите учебни години.

Имено, оваа година тој освои прво место и на регионалниот и општинскиот натпревар по природни науки, прво место на регионалниот и општинскиот натпревар по математика, како и златен медал на малата македонска математичка олимпијада, под менторство на наставничката Ана Гарванлиева. Покажа одлични резултати и на други национални и меѓународни натпревари по информатика и математика, освојувајќи максимален број на поени. Со своите резултати ,Марко во најдобро светло го претставува своето училиште Петар Поп Арсов како и Општината Карпош.

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија