spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во...

МОН: Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 11 и Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19,110/19 i 121/24 ), член 49 став 2 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/2019 248/20 и 302/20),) и Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 220/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.48/21) Министерството за образование и наука распишува

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката

за академската 2024/2025 година

Министерството за образование и наука за академската 2024/2025 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на додипломски студии на реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката објавенa во прилог на овој Конкурс.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.      Да има завршено соодветно средно образование, при тоа до денот на пријавувањето да остварил успех во средно образование од најмалку просечна оцена 4.50 од сите предмети во текот на средното образование, а доколку учи средно образование во странство, да остварил еквивалентен просечен успех од најмалку просечна оцена 4,50 од сите предмети во текот на средното образование;

2.      Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2024/2025 година на еден од реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката во прилог на конкурсот.

3.      Да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата

4.      Да не е корисник на стипендија од друг даватели

5.      Да е државјанин на Република Северна Македонија

6.      Да не му била доделена претходно стипендија од Министерството за образование и наука за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката, а независно дали кандидатот истата ја искористил, делумно ја искористил или не ја искористил.

II.   ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

·                  Пријава

·  Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар).

·  Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство

да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука,

·  Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2024/2025 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и цената на уписнината

·  Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за

соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·  Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв

циклус од други даватели (заверена на нотар).

·  Мотивациско писмо;

·  Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување нисплатените средства;

·  Уверение за државјанство на Република Северна Македонија.

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

III.   ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

На корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 УСА долари годишно, исплатени во соодветна валута, според средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на објавувањето на овој конкурс, еден авионски билет на почетокот на студиите, еден авионски билет по завршување на студиите или еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за академската 2024/2025 година на прв циклус на студии (врз основа на Листата на индекси на малопродажни цени за животни трошоци, која е објавена од надлежните органи на Организацијата на Обединетите Нации).

Секој износ над горенаведената сума за уписнина е на товар на студентот.

IV.   ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

1.       Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Северна Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Северна Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Северна Македонија. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудено соодветно вработување во органите на државната управа не му престанува обврската за работа во Република Северна Македонија за секоја година помината на студии во странство.

2.        Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Северна Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во институција од соодветната уметност во странство. Во ваквите случаи тој може да остане во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што е обврзан да се врати во Република Северна Македонија и да ја одработи обврската специфицирана во точка 1 погоре.

3.       Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите, со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, да не се врати во Република Северна Македонија и не ја исполни обврската од точка 1, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ десетпати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.

V.   НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 15.09.2024 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (барање за поврат на средства) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), заклучно со 15.09.2024 година.

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте