spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЗШВ: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

МЗШВ: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска 05.07.2024 година додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми.

– Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски традиции. – изјави Трипуновски.

Некои од локалните манифестации имаат голем континуитет на одржување како што се: Деновите на кочанскиот ориз и македонскиот мед до иновативните нови саеми како Саемот на автохтони сорти везенка и науката во функција на развојот, секој настан ја одразува нашата длабоко вкоренета страст за земјоделството и руралниот туризам.

-Во новиот концепт се предвидени поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Заедно, имаме за цел да ги подигнеме земјоделството на завидно ниво во Македонија и да го подобриме руралниот живот. – заврши Трипуновски. 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЗШВ: Исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари, грижата за земјоделците...

0
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на...