spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЛС: Општините ќе аплицираат со зрели проекти и првите 100 милиони евра...

МЛС: Општините ќе аплицираат со зрели проекти и првите 100 милиони евра од Владата наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните со решавање на нивни приоритетни потреби

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите на општините и за нивната подготвеност да реализираат проекти, кои што ќе бидат финансирани со средства од јавниот повик кој што веќе го подготвува Министерството за локална самоуправа.

Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Перински истакна дека Владата во континуитет ќе ги поддржува општините и затоа фокусот треба да биде ставен на подготовка на добри проекти и на проектна документација.

Потребна е целосна посветеност на граѓаните и на нивните потреби. Владата и Министерството за локална самоуправа се подготвени и ќе инвестираат во квалитетни инфраструктурни објекти кои што ќе направат разлика и ќе го подобрат квалитетот на живеење во општините. Така ќе го поттикнеме развојот и на локално и на ниво на плански региони. Рамномерниот развој бара сериозни вложувања, нашите ветувања ги реализираме веднаш затоа што имаме за цел секоја општина да ги искористи сопствените потенцијали и да биде атрактивно место за живеење и за вложување во развојот, рече Перински.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...