spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕТ: Продолжува соработката во полето на пазар на труд и претприемништво

МЕТ: Продолжува соработката во полето на пазар на труд и претприемништво

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Постојаната координаторка на ОН Росана Дуџак информираше за активностите на Обединетите нации во Република Северна Македонија и нивната соработка со министерствата, особено во врска со имплементацијата на Агендата 2030 и целите за одржлив развој (ЦОР).

Таа обрна посебно внимание за активностите во областа на претприемништво,  вработување со фокус на ранливи групи, поволна бизнис клима и економско-социјален диајлог, и изрази желба за продлабочување на соработката со Министерството за економија и труд во наредниот период.

Како што истакна министерот Дурмиши оваа средба преставува одлична можност да се разменат информации и идеи како да се продлабочи соработка меѓу Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, агенциите на ОН и Министерството за економија и труд.

Министерот изрази благодарност до агенциите на ОН во земјава за активностите што ги спроведуваат во областа на пазарот на труд, поддршката на претприемништвото, вработувањето, рамномерниот и регионален развој, доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина.

Двајцата соговорници се согласија дека во наредниот период треба да продолжи и да се унапреди плодната соработка на Министерството за економија и труд со Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН и со агенциите на ОН во земјава, но и да се обезбеди меѓу-секторска координација и соработка за комплексните прашања на пазарот на трудот.

Извор: Министерство за економија и труд

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...