HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Со МВР спречен шверц со јагниња

АХВ: Со МВР спречен шверц со јагниња

Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера, 09.07.2024 година, открија и спречија нелегален промет на јагниња, со намера истите да бидат илегално извезени во Република Албанија. Во координирана акција со инспекторите МВР, возилото е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од страна на инспектори од АХВ, утврдено е дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните и немаат сертификат за здравствена состојба на животните.

Согласно дадената изјава на транспортерот животните се со потекло од населено место во Прилеп. 

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, животните се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против  транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МЕМОРИЈА – Оганот кој се уште силно гори

0
Како временска машина, настапот на Меморија ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња — времиња на вистински македонски рокенрол, емоции и песни...