HomeОпштиниАеродром: Бесплатна обука по Англиски јазик за младите

Аеродром: Бесплатна обука по Англиски јазик за младите

spot_img
spot_img

Општина Аеродром им овозможува на младите на возраст од 15 до 30 години бесплатно да ги унапредат своите знаења по англиски јазик, да ги развијат комуникациските вештини и да стекнат сертификат за постигнато ниво Б2 согласно со CEFR.

Обуката ќе ја спроведе Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое ќе реализира интензивен курс за најмногу 50 учесници. Програмата ќе биде организирана во соодветни групи, согласно со почетното ниво на јазично знаење на учесниците.

Обуката е практично ориентирана, со современи наставни методи и интерактивна настава, со посебен фокус на комуникацијата и практичната употреба на англискиот јазик во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот.

При селекцијата на учесниците, приоритет ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории, како и младите, кои поради материјални, социјални или други околности, имаат ограничен пристап до дополнително образование од ваков тип.

Учесниците ќе имаат можност:

  • да го унапредат своето знаење и комуникациските вештини;
  • да го збогатат вокабуларот и да ја подобрат граматичката точност;
  • да ја подобрат говорната и писмената комуникација;
  • да стекнат поголема самодоверба при користење на англискиот јазик;
  • да добијат сертификат за постигнатото ниво Б2 согласно со CEFR по успешното завршување на програмата.

Бројот на места е ограничен на 50 учесници, а почетокот на програмата е предвиден за 1 ноември 2026 година.

Рокот за пријавување трае до 15 октомври 2026 година.

Пријавувањето се врши на uciangliski@gmail.com, со наслов на пораката:

„Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“

Во е-пораката е потребно да наведете: Име и презиме, возраст, телефон за контакт и место на живеење.

Локацијата на одржување на обуката и другите детали ќе бидат дополнително објавени.

Јавниот повик може да се најде на општинската интернет страница https://aerodrom.gov.mk/или на следниов линк:https://l1nq.com/na2wli9

Знаењето е инвестиција во иднината. Искористете ја можноста.

Извор: Општина Аеродром

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на енергетската криза и цените на енергенсите, изјави: „Состојбата...