HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот за европски прашања, Муртезани со италијанскиот амбасадор Н.Е....

МЕП: Средба на министерот за европски прашања, Муртезани со италијанскиот амбасадор Н.Е. Андреа Силвестри

spot_img
spot_img

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес во просториите на Министерството за европски прашања оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.

На средбата министерот Муртезани истакна дека поддршката на Италија е од големо значење, како и зацврстувањето на партнерските односи. На состанокот, покрај меѓусебните билатерални односи, се зборуваше и за Планот за раст на Европската Комисија за Западен Балкан, чија цел е забрзување на социо-економската конвергенција на регионот во Европската Унија.

Амбасадорот Силвестри истакна дека Италија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на европскиот пат и искажа подготвеност за континуирано зајакнување на соработката во сите области од заеднички интерес на двете земји. 

Извор: Министерство за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија