spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Нов видиковец во Бунарџик

Илинден: Нов видиковец во Бунарџик

Жителите од Општина Илинден добија ново место за релаксација и рекреација, станува збор за ново изградениот видиковец кој се наоѓа во делот на Бунарџик, место каде е поставена урбана опрема, изграден е видиковец од бетон, поставени се клупи, корпи за отпадоци, просторот e осветлен, хортикултурно уреден а во наредниот период ќе се изврши дополнително хортикултурно доуредување.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден интензивно работи на реализација на нови проекти од повеќе области, со цел разубавување и уредување на просторот, но и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на жителите. Градоначалникот додаде дека со изградбата на видиковецот жителите добија одлично место за посета и рекреација, со поглед кон скопската котлина.

Овој проект се реализира заедно со општествено одговорни компании,  а Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на проекти за уредување на простор, како и поставување на нова урбана опрема, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...