HomeМинистерстваМЛС: Средба на Министерот Перински со градоначалникот на општина Сопиште, Трпковски

МЛС: Средба на Министерот Перински со градоначалникот на општина Сопиште, Трпковски

spot_img
spot_img

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински реализираше информативна средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Стевче Трпковски.


Градоначалникот Трпковски го информираше министерот за оперативниот фокус на Општина Сопиште во тековниот период, којшто е насочен кон разрешување на бројни тековни градежни проблеми, а воедно и соодветно водоснабдување за сите жители во општината и тоа во тек на едно од најтоплите лета во скопскиот регион.
Сите капацитети на општината се максимално насочени кон решенија за сите предизвици и на постојаните жители, како и на оние Скопјани за кои општина Сопиште е омилена викенд дестинација.


Министерот Перински му понуди поддршка на градоначалникот Трпковски, со цел лоцирање на најсоодветните начини за креирање на поголема подготвеност на општината за брзи и практични инфраструктурни решенија за сите актуелни предизвици на жителите, како контролирање на можни сезонски пожари, санација на можен недостиг на вода, овозможување достапни патишта и за возачите и за пешаците.

Извор: Министерство за локална самоуправа

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија