Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик – Министер за Јавна администрација.

Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик – Министер на Министерството за Информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, му посакаа топло добредојде на ново именуваниот заменик министер за Јавна администрација, Лазе Јаќимоски.

Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево при Универзитетот Св. „Климент Охридски“ Битола.
Министерот Минчев го информираше Јаќимоски за тековните процеси и актуелните предизвици во Министерството за јавна администрација и му посака успех во извршувањето на функцијата.