spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со Синохидро,...

Мицкоски: Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со Синохидро, инаку имаше опасност да плаќаме пенали од 50 милиони евра народни пари

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на новинарско прашање во текот на настанот организиран во Стопанската комора даде коментар за одлуката на кинеската компанија Синохидро за повлекување од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

„Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон Синохидро, а Синохидро кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали“, истакна Мицкоски и дополни дека се работи за спор кој настанал од подизведувач поврзан со имотно правни односи кои му оневозможиле непречено да работи.

Извор: Влада

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...