spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Повик за граѓаните на свеченоста по повод Илинденскиот марш

Аеродром: Повик за граѓаните на свеченоста по повод Илинденскиот марш

Општина Аеродром ги поканува граѓаните на свечениот настан што ќе се одржи утре, 27 јули, на кој ќе се испратат коњаниците од Илинденскиот марш до славното Крушево, каде што на 2 август ќе се приклучат кон одбележувањето на големиот празник Илинден.

Традиционално, коњичкиот марш ќе започне од паркот „Јане Сандански“ во 17:00 часот кога на коњаниците ќе им биде предадено општинското знаме. 

Потоа, придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните, тие ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците, во црквата со почеток од 18:30 часот ќе се одржи свечена литургија, по што следува богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Општината и оваа година финансиски го поддржува Илинденскиот марш како една од најголемите и најзначајните манифестации во Аеродром, со што се негуваат традицијата и македонската култура.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...