HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски оствари средба со турска компанија која е заинтересирана за инвестиција...

МЗШВ: Трипуновски оствари средба со турска компанија која е заинтересирана за инвестиција во Македонија

spot_img
spot_img

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.


Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.
На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.


Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.
Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.


Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија