HomeМинистерстваМФ: Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се...

МФ: Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, насочени се кон проекти што ќе се реализираат, а не кон корупција

spot_img
spot_img

Капиталните расходи не се засегнати со ребалансот на Буџетот за 2024 година. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена и средствата се насочени кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето во „Тема на денот“ во рамките на Дневникот на Сител.

„Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку за реализација на проекти. Тоа се пари што ќе се наменат за проекти кои имаат додадена вредност. Капиталните расходи не се засегнати, поточно направена е пренамена на средства од капиталните инфраструктурни проекти со послаба реализација кон проекти на општините, затоа што знаеме дека има готови проекти кај сите општини коишто ќе може да се реализираат. Едноставно, не можеме да чуваме средства за нешто што нема да се реализира“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека аванси без никаква реализација нема да бидат исплаќани, туку дека ќе се плаќа врз основа на реализација.

„Илузорно е сега да планирате 250 милиони евра за проектот за коридорите 8 и 10д во ситуација кога не можете да завршите експропријација, имате еден куп проблеми, кога не ја знаете трасата, односно кога знаете дека нема да ги реализирате и тие средства на крајот на годината ќе завршеа во некои коруптивни зделки“, истакна Димитриеска-Кочоска и додаде дека за следната годината за овој проект ќе бидат планирани 250 милиони евра и дека веќе се работи на тоа проектот да почне да се реализира, да се гради и да се плаќа врз основа на завршени работи и ситуации.

Во интервјуто министерката се осврна и на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, потоа на растот на платите, нивото на јавниот долг, како и на реализацијата на проектите од железничката инфраструктура.

Извор: Министерство за финансии

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија