HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на...

МЗШВ: Трипуновски – Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, кои што претходната власт не ги исплати

spot_img
spot_img

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Свети Николе му порача на Љупчо Николовски реално да гледа на бројките во ребалансот на буџетот.

„Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за исплата на заостанати субвенции, оние субвенции кои што тие како тогашна власт требаше да ги исплатат на земјоделците“, истакна министерот.

Трипуновски додаде дека да работеше претходната власт како што требаше немаше економските показатели да бидат толку погубни во делот на земјишната политика, во делот на производство и во делот на намалување на вкупната бројка на земјоделци.

„Во делот на Интервентниот фонд, во делот на буџетот на Платежната агенција практично има зголемување. Тоа е реалноста и тие бројки се лесно видливи и проверливи“, посочи Трипуновски.

„Мислам дека поранешниот министер ја користи позицијата пратеник за да ја искривува вистинската слика односно да манипулира со јавноста“, нагласи тој.

„Со овој ребаланс практично кажуваме дека наш приоритет како Влада е земјоделецот на прво место“, изјави Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија